Германскиот Лајпциг беше непријатно изненаден на свој терен и убедливо загуби од Шахтар со 1:4 во првото коло од Лигата на шампионите. Лајпциг имаше фаворитска улога, но на теренот ситуацијата беше поинаква.
Дека мечот нема да оди во добра насока за Лајпциг, се виде само по 15 минути игра, кога домашниот голман Петер Голачи направи голема грешка. Тој беше излезен на 30-тина метри од својот гол, ја прими топката и имаше доволно време да реагира и да ја исфрли во поле, но реши да ја чува, а тоа го искористи офанзивецот на Шахтар, Швед, кој му ја одзеде топката и успеа да ја погоди празната мрежа. Со овој гол Шахтар поведе со 1:0, а гостите до крајот на средбата стигнаа до убедлив триумф од 4:1.