Македонската кошаркарска легенда Перо Блажевски денеска го прославува својот 50-ти роденден.
Блажевски е човекот кој го постигна првиот поен во историјата на македонската репрезентација на 30 мај 1993 година против Естонија во Вроцлав, а на 6 ноември 1996 година со неговите слободни фрлања на три секунди до крајот му донесе незаборавна победа на МЗТ Скопје против Реал Мадрид, што е најголем подвиг во клупската историја на македонската кошарка.
Блажевски како играч освои четири шампионски титули и десет купови на Македонија, во 2011 беше најкорисен играч во финалето на Купот, со што е највозрасен МВП. Беше долгогодишен репрезентативец со повеќе од 50 настапи во црвено-жолтиот дрес, активно играше до 2013 година, а потоа почна тренерска кариера.
Во моментов е без ангажман, а последен клуб кој го водеше му беше Кожув во минатата сезона.