И Македонија треба да е загрижена – Скандирање „УЕФА мафија“ се казнува поскапо од навивачка инвазија на терен

УЕФА го казни финскиот клуб ХЈК Хелсинки со 18.000 евра поради неколку инциденти на дуелот со Бетис на 8 септември, во првото коло во Лигата на Европа.

Од нив, според објаснувањето што доаѓа од Европската куќа на фудбалот, 10.000 евра е казната за скандирањето „УЕФА мафија“ од трибините, а 8 илјади се поради втрчувањето на терен на неколку домашни навивачи.

По ова, и Македонија треба да биде загрижена бидејќи на дуелот со Бугарија што го загубивме со 0:1 на 26 септември неколкупати од трибините се слушнаа истите рефрени „УЕФА мафија“ како на „Болт арената“ во Хелсинки.

Казна и за нас ќе има сигурно бидејќи и Лигата на нациите како и Лигата на Европа е пода капата на УЕФА.

Хелсинки го загуби мечот со 0:2 против Бетис, а имаше и инвазија на теренот на незадоволните симпатизери на финскиот фудбалски рекордер со 31 домашна титула.

 

- Оглас -

Најнови вести