Рекорди на Меси и Халанд, Борусија ја уништува Севилја која веќе има нов тренер

На сите мечеви од Лигата на шампионите кои почнаа во 21 часот, има барем по еден гол во првото полувреме.

Бенфика има 1-1 против фаворитот ПСЖ, а Лионел Меси стана првиот фудбалер кој постигнал гол против 40 различни противници во ЛШ.

Во дербито во Лондон, Челзи води против Милан со 1-0, а другиот италијански тим, Јувентус, има 1-0 против Макаби Хаифа.

Најубедливи се Манчестер сити и Борусија Дортмунд, кои водат со по 3-0. Ерлинг Халанд погоди двапати, има веќе 28 гола на 22 настапи во ЛШ и има повеќе голови во ЛШ од легенди како Луис Суарес и Ривалдо. Дортмунд даде убави голови и ја начека Севилја, која веќе има нов тренер (Сампаоли), а вечерва за последен пат ги води Лопетеги.

Реал Мадрид има 2-1 против Шахтар, прва ѕвезда е Родриго со гол и асистенција.

- Оглас -

Најнови вести