Валенсија победи на гостувањето кај Осасуна со 2:1 и Лилјаците сега имаат 13 бодови од осум меча, исто колку што има и Осасуна. Дуелот во Памплона беше возбудлив, со многу динамика, нервоза, па затоа имаше и многу картони.
Клајверт по асистенција на Кавани погоди за гостите во 28 минута и Валенсија имаше предност на полувремето. Во 54 минута, Валенсија стигна до водство од 2:0 благодарение на голот на Диакаби, но тоа не беше знак за помирен меч, туку токму спротивното.
Во 57 минута беше досуден пенал за Осасуна, но Авила промаши од белата точка. Потоа, во 69 минута директен црвен картон доби Гарсија поради туркање. Кавани имаше шанса од пенал за ја донесе Валенсија и до предност од 3:0, но и тој утна од белата точка.
Диакаби во 86 минута беше заменет од игра, но сепак во 90 минута доби црвен картон. Осаснува намали на 1:2 со погодокот на Брашанац во 90+4 минута, а потоа црвен картон повторно за домаќините. Пена за неспортсоно однесување беше исклучен, па Осасуна заврши со деветмина на теренот и немаше шанса да бара спас од поразот.