„Бомбата“ која одекна во француските и шпанските медиуми дека Килијан Мбапе се чувствува предаден од Пари Сен Жермен и сака да го напушти клубот уште во јануари или најдоцна во јули, е главна фудбалска вест на денот, и реакциите се безбројни.
Една од поинтересните работи е дека навивачите масовно споделуваат едно видео кое стана хит попладнево и вечерва. Тоа е всушност потсетување на изјава на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, од јуни, во врска со Мбапе.
Додека Перез даваше автограм, еден навивач му порача: „Немој да го купиш Мбапе“.
Одговорот на Флорентино беше: „Кутро момче, сигурно веќе жали што остана“. Испадна дека првиот човек на Реал Мадрид беше видовит и погоди што ќе се случи со француската ѕвезда со останувањето во Париз.