Нокаут-фазата во Лигата на Европа може да биде многу атрактивна, со еден куп големи имиња, доколку актуелната состојба на табелите во Лигата на шампионите остане и на крај на групната фаза.
Повеќекратните европски шампиони Барселона, Милан, Ајакс и Јувентус би можеле од ЛШ да се преселат во ЛЕ и таму да им прават друштво на Манчестер јунајтед, Арсенал, Рома, Лацио, ПСВ, Монако, итн.
Во моментов, во групите од ЛШ третопласирани се: Ајакс, Атлетико Мадрид, Барселона, Спортинг, Милан, Шахтар, Севилја и Јувентус. Ако останат таму и по одигрувањето на последните две кола, а некои од нив сигурно ќе останат, тогаш Лигата ан Европа ќе биде суперинтересна за гледање.
Особено за Барселона, која летово потроши многу пари за засилувања и имаше големи амбиции, ќе биде дебакл што втора сезона по ред најверојатно оди во второто по квалитет натпреварување во Европа.