Севилја беше подобар тим на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“, но голманот Боно во 102-рата минута ја спаси од пораз

Фудбалерите на Севилја и Валенсија одиграа супер интересен натпревар во рамките на 10-тото коло во Ла Лига, кој заврши без победник 1:1. Иако домаќините имаа повеќе шанси и беа подобар тим, посебно во второто полувреме, на крајот се спасуваа од пораз, и тоа благодарение на голманот Боно, кој го одбрани пеналот на Гаја во 102-рата минута.

Валенсија поведе уште во шестата минута со голот на Единсон Кавани, кој на најдобар начин го искористи одличното нафрлување од Фулкиер.

Од тој момент, домашните фудбалери ја презедоа иницијатава и во првиот дел преку Рафа Мир имаа две шанси да дојдат до израмнување, но голманот на Валенсија, Мамардашвили, беше сигурен.

Во вториот дел, Севилја тргна уште поофанзивно, само по 11 минути игра постигна гол преку Рафа Мир, но беше поништен поради офсајд. До израмнување Севилја дојде во финишот, во 86-тата минута преку Ерик Ламела. Возбудувања имаше и во судиското продолжение бидејќи судијата Гради во стотата минута досуди пенал за Валенсија, а притоа го исклучи Салас. Но, голманот на домаќините, Боно, го прочита шутот на Гаја и ја спаси Севилја од пораз.

- Оглас -

Најнови вести