Германскиот првак Баерн Минхен одигра сигурно на гостувањето кај Хофенхајм во меч кој требаше да биде дерби во 11 коло на Бундеслигата и на крајот победи со 2:0. Уште во првото полувреме Баерн ги реши сите дилеми околу победникот, откако прво погоди Мусиала во 18 минута, а потоа прецизен беше и Чупо-Мотинг во 38 минута.
Ова е прв пат сезонава Баерн да врзе три победи по ред во домашното првенство и сега има 22 бодови, еден помалку од лидерот Унион Берлин кој утре гостува кај Бохум.
Борусија Дортмунд беше најубедлива и со 5:0 го растури Штутгарт. Милионерите постигнаа три гола во првиот дел, а потоа уште два пати ги израдуваа домашните фанови за „петарда“ во мрежата на гостите. Со оваа победа, Борусија има 19 бодови и е на четвртото место на табелата.
Во чекор со најдобрите екипи е и Фрајбург кој дома со 2:0 славеше над Вердер Бремен и сега има 21 бодови, задржувајќи го третото место на табелата.
Најдраматичнот меч попладнево го одиграа Аугзбург и Лајпциг, а на крајот заврши 3:3. Домаќините водеа со 3:0, а потоа во 66 минута црвен картон доби Јого. Тоа исклучување кај домаќините како да даде дополнителна сила за Лајпциг, па гостите во последните 17 минути успеаа да постигнат три гола и да се спасат од пораз.