Лука Модриќ и Карим Бензема не отпатуваа со Реал Мадрид во Лајпциг на меч од Лигата на шампионите што ќе се игра утре од 21 часот во рамките на петтото коло.
Хрватскиот фудбалски виртуоз требаше да биде во експедицијата на Реал Мадрид, но има проблеми со адукторот и остана во главниот град на Шпанија.
Од Реал објавија дека повредата не е сериозна, но од превентивни причини Модриќ остана во Мадрид.
Лука беше на списокот со патници за Германија, но во последен час отпадна од комбинација.
https://twitter.com/realmadrid/status/1584162159415918592?s=20&t=lu1M6VyEQ5xEdcYtHhw4aQ
Повреден е и Карим Бензема, па и вториот лауреат со Златна топка во овој состав на Реал нема да игра утре на „Ред Бул“ арената во Лајпциг против германските бикови.
https://twitter.com/realmadrid/status/1584504978626023426?s=20&t=lu1M6VyEQ5xEdcYtHhw4aQ
Модриќ и Бензема се двајцата лауреати на Реал Мадрид што ја имаат Златната топка од овој состав на најтрофејниот европски клуб.
Модриќ беше најдобар играч на светот во 2018 година, а Бензема е актуелен победник и добитник на признанието „Балон Д`Ор“ на Франс фудбал.
Реал пред стартот на петтото коло во фазата по групи е лидер во Ф групата со 10 бода, пред Лајпциг со шест, Шахтар со пет и Селтик со само еден бод.