Таман си е – Само еден топ-носител нема да ја види нокаут-фазата во ЛШ, дури 7 од 8 од најслабиот шешир испаднаа веднаш

Ајакс е единствениот тим што беше во најсиллниот шешир при ждрепката за групите во Лигата на шампионите што нема да игра во нокаут-фазата.

Копјаниците не успеаја да бидат на едно од првите две места во групата со Ливерпул, Наполи и Глазгов ренџерс, иако беа пред сите во ждрепката.

Наполи од третиот шешир го освои првото место, Ливерпул му се приклучи во осминафиналето, а Ајакс како трет ќе мора да игра во Лигата на Европа.

Од вториот и третиот шешир, односно од вкупно 16 екипи, само Атлетико Мадрид е елиминиран по првата фаза и како последен во Б групата зад Порто, Бриж и Баер Леверкузен нема да презими во Европа.

Дека заслужено се најдоа во четвртиот шешир, покажаа дури 7 од 8 екипи, кои испаднаа и нема да играат ниту во ЛШ, ниту во ЛЕ, а само Бриж од најслабиот пот при ждрепката што се одржа на 25 август успеа да се прибие до нокаут-фазата во луксузното клупско натпреварување на Стариот Континент.

Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи во понеделник точно напладне.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести