Белгијците го очекуваат конечниот список од 26-мина фудбалери кои ќе патуваат за Катар и ќе играат на Мундијалот, а според најавите, утре ги чека голем шок.
Селекторот Роберто Мартинес најавува дека Ромелу Лукаку веројатно нема да биде меѓу патниците, а сигурно е дека ако не биде фит за натпреварите во првата фаза по групи, тогаш воопшто и нема да патува за Катар.
„До последен момент чекаме да видиме дали ќе биде комплетно подготвен за настап на првенството. Сигурно нема да водам фудбалери во Катар што не се комплетно здрави и не можат да играат во првата фаза. Ако сме сигурни дека ќе биде фит да игра барем до 1 декември, ќе биде на списокот, во спротивно нема да биде со нас“, изјави Мартинес.
https://twitter.com/Football__Tweet/status/1588119047413141505?s=20&t=NMMUV5XjfDqGjd2vECHi7g
Лукаку е убедливо најдобар стрелец на Белгија и на 102 настапи за Црвените ѓаволи има постигнато 68 гола, дупло повеќе од Еден Азар, кој е втор стрелец на вечната листа.
Белгија е меѓу фаворитите за титулата, а во првата фаза ќе игра во Ф групата со Хрватска, Мароко и Канада.