Шок: Садио Мане ќе го пропушти Светското првенство!

Напаѓачот на Баерн Минхен најверојатно сепак нема да биде подготвен за настап на Светското првенство по повредата заработена на синќешниот дуел против Вердер Бремен. Мане се повреди само по 18 минути игра и првичните информации беа дека повредата не е сериозна.

Сепак, најновите информации кои ги пласира реомираниот француски весник „Л’екип“ велат дека Мане сепак нема да биде подготвен за настап на Мундијалот во Катар.

„Голем удар за Сенегал. Садио Мане нема да игра на СП. Сите во Баерн беа убедени дека се работи за обичен удар, но тој има проблеми со тетивата и се очекува да паузира следните неколку недели“, стои во информацијата на Л’екип.

- Оглас -

Најнови вести