Јошко Гвардиол се судри на бизарен начин со својот соиграч Вили Орбан и го извлече подебелиот крај, но и покрај незгодните повреди на лицето, ќе игра за Хрватска на Мундијалот во Катар.
Во 17-тата минута на дуелот меѓу Лајпциг и Фрајбург игран вчера во Бундеслигата, Хрватот и Германецот се судрија меѓу себе, а Гвардиол изгледаше како да бил во војна.
Десното око му е комплетно модро, а има и расеченица под него и отоци на лицето.
https://twitter.com/SinbadBoi_/status/1590435630454308864?s=20&t=VhDWSsYr107vKBRkJeuyFA
За среќа, избегна операција, што ќе значеше крај за амбициите да игра на Светското првенство и сигурно ќе патува во Катар со Хрватите.
Најавено е дека ќе користи специјална маска за лицето за дуелите со Мароко на 23 ноември и потоа и за мечевите со Канада четири дена подоцна и со Белгија на 1 декември.
Дефанзивецот на Лајпциг иако со тешки повреди на лицето, успеа да се пошегува со целата ситуација.
„Да го видите другиот фудбалер како изгледа“, напиша заедно со објавената фотографија на социјалните мрежи.