Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луис ван Хал, го објави списокот на играчи со кои ќе настапи на Светското првенство во Катар и на него се наоѓа најголемиот холандски талент на денешницата, 19-годишниот Чави Симонс.
Слично како и на минатогодишниот настап на Европското првенство, Лалињата немаат супер ѕвезди во репрезентацијата која е спој на младост и искуство, па затоа вниманието ќе биде насочено кон двоецот на ПСЖ, Симонс и 23-годишниот Коди Гакпо, кои играат фантастично сезонава.
Симонс направи вистински потег со одлуката да си замине од ПСЖ и да се пресели во ПСВ и на 13 натпревари во сите конкуренции постигна 8 гола, додека Гакпо е уште подобар, одигра 13 меча и даде 9 гола, а има и 12 асистенции.
Холандија е во најлесната група на хартија, онаа во која се и Катар, Еквадор и нивниот прв противник на Мундијалот, Сенегал, и се очекува да ја минат групата, а потоа сè е можно иако медиумите најавуваат борба за титула.
Состав на Холандија:
Голмани: Џастин Бијлоу (Феенорд), Ремко Пасвер (Ајакс), Андрис Ноперт (Херенвен)
Одбрана: Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Нејтан Аке (Манчестер сити), Дејли Блинд (Ајакс), Јуриен Тимбер (Ајакс), Дензел Дамфрис (Интер), Стефан де Фрај (Интер), Матајс де Лихт (Баерн Минхен), Тајрел Маласија (Манчестер Јунајтед), Џереми Фримпонг (Баер Леверкузен)
Среден ред: Френки де Јонг (Барселона), Стивен Бергуис (Ајакс), Дејви Класен (Ајакс), Теун Купмајнерс (Аталанта), Коди Гакпо (ПСВ), Мартен де Рун (Аталанта), Кенет Тејлор (Ајакс), Чави Симонс ( ПСВ)
Напад: Мемфис Депај (Барселона), Стивен Бергвајн (Ајакс), Винсент Јансен (Антверпен), Лук де Јонг (ПСВ), Ноа Ланг (Бриж), Воут Вегхорст (Бешикташ).