Аргентина всушност загуби од тимот кој е на четвртото место во првенството на Саудиска Арабија

Едно од најголемите изненадувања во историјата на Светските првенства се случи утрово, кога Саудиска Арабија со 2:1 славеше над Аргентина. Да биде чудото поголемо, Саудиска Арабија до триумф стигна со пресврт во второто полувреме, откако Гаучосите со голот на Лионел Меси водеа на полувреме.

Со фуриозен старт во второто полувреме, Саудиска Арабија со головите на Ал Шехри и Ал Давсари направија целосен пресврт и на крајот стигнаа до победа над еден од најголемите фаворити за титулата.

И додека Аргентина во својот тим имаше голем број супер ѕвезди, во стартниот тим на Саудиска Арабија беа дури деветмина фудбалери од екипата на Ал-Хилал. Од почетните 11-мина на Саудиска Арабија, единствено Ал Буракан и Тамбакти на клупско ниво не се во тимот на Ал-Хилал.

Ал-Хилал е тим кој по осум одиграни кола во првенството на Саудиска Арабија се наоѓа дури на четвтото место со 17 бодови, дури пет помалку од лидерот Ал-Шабаб.

- Оглас -

Најнови вести