Дисциплинската комисија на ФИФА им одреди парични казни на фудбалските федерации на Хрватска, Србија и Саудиска Арабија.
Хрватите ќе платат 50.000 швајцарски франци за навредите кон канадскиот голман со српски корени Милан Борјан, Србите за истакнување со соблекувална на знамето со мапата на Косово на кое пишува „Нема предавање“, се казнети со 20.000 франци, а Саудијците за недолично однесување на своите играчи кои заработија по шест жолти картони на два меча, треба да платат 15 илјади франци.