Главна ѕвезда на прес-конференцијата на Бразил во Катар, не беше Винисиус Жунир кој одговораше на прашањата на новинарите, туку мачка.
Имено, додека напаѓачот на Кариоките одговораше на прашањата, на масата на која седеше, се појави мачка.
На Винисус Жуниор не му пречеше неповиканиот гостин, но, затоа реагираше портпаролот на Фудбалската федерација на Бразил, кој прво ја погали мачката, а потоа ја зграпчи и ја фрли на подот.
https://twitter.com/i/status/1600542237762674688