Ако се мери на кантар кој од четвртфиналистите колку успеси има на светските првенства , се доаѓа до заклучок дека Бразил е убедливо најтрофеен и барем според историјата, заслужува да биде прв фаворит за трофејот во Катар.
Бразил пет пати бил светски првак, годинава оди по шеста титула. А, сите други четвртфиналисти заедно имаат пет титули.
Аргентина и Франција по двапати биле светски прваци, и Англија еднаш. Холандија има три финалиња, Хрватска едно, но не се искачиле на тронот. Мароко и Португалија немале ни финале, во случајот со Мароканците, тие не знаат ни како е да се игра полуфинале на СП.