Четвртфиналните возбудувања на Светското првенство во Катар ќе започне со дуелот на петкратниот светски првак Бразил и актуелниот планетарен вицепрвак Хрватска. Двете селекции максимално се подготвуваат за овој меч, а селекторот на Бразил, откри дека истиот човек што го направил скаутингот за дуелот против Србија, сега дал совети и за Хрватите.
„Рикардо Гомез ги скаутираше Хрватска и Србија. Тој ни објасни дека се работи за искусна селекција, со неколку играчи кои имаат над 30 години. Моќни се и имаат искуство на вакви турнири. Но, ние сме подготвени за нив. Сакаме што е можно побрзо да дадеме гол и да го одведеме мечот на „нашата вода“. Имаме голема почит кон Хрватска“, рече бразилскиот помошник селектор Клебер Ксавиер.
Данило е еден од најискусните бразилски фудбалери и вели дека против Хрватска мора да одиграат најдобро што знаат, за да поминат во полуфиналето.
„Хрватска даде пет гола, а прими само два. Тоа е селекција која постојано е на завршницата. Имаат одлични играчи како Модриќ, Перишиќ, Брозовиќ, Ковачиќ. Во кариерата имав можност да играм со нив. Одлични се. Затоа мора да бидеме на највисоко ниво ако сакаме да ги поминеме“, рече Данило.