Пепе по елиминацијата удри по ФИФА: Нека им ја дадат титулата на Меси и Аргентина

Репрезентацијата на Португалија загуби од Мароко со 1:0 во четвртфиналето на СП во Катар, а по натпреварот, еден од најискусните играчи, Пепе, упати жестоки навреди кон ФИФА и судијата Факундо Телјо од Аргентина.

Пепе смета дека аргентинскиот судија влијаел на резултатот и потклекнал под притисокот на аргентинските фудбалери кои предводени од Лионел Меси, вчера го критикуваа судењето на нивниот дуел со Холандија.

„Недозволиво е да ни суди Аргентинец, посебно по сè што се случуваше на вчерашниот натпревар по кој Меси се жалеше на критериумот. По тоа што го видов денеска, слободно можат титулата да и ја дадат на Аргентина.

Пепе исто така смета дека Мароко незаслужено се пласира во полуфиналето на Мундијалот во Катар.

„Имаа среќа да го постигнат тој еден гол. Горд сум на моите соиграчи. Дадовме се од себе за да победиме“, тврди стоперот на Порто.

- Оглас -

Најнови вести