Репрезентацијата на Хрватска обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во Катар, а еден од најзаслужните е Јошко Гвардиол кој со 20 години, се наметна како нов лидер на одбраната на Коцкестите.
Одличните игри на Мундијалот во Катар ги натера европските гиганти да не го чекаат идното лето и веќе во зимскиот преоден рок да се обидат да дојдат до неговиот потпис.
На адресата на актуелниот клуб на Гвардиол, Лајпциг, веќе пристигнаа три понуди од англиски гиганти.
Најдобра е понудата на шампионот Манчестер сити која изнесува 100 милиони евра плус дополнителни милионски бонуси.
Следна е таа на градскиот ривал, Манчестер јунајтед кој нуди 95 милиони евра за Хрватот.
Третата понуда е на Челси кој планира да ја освежи одбраната и првичната понуда изнесува 90 милиони евра.
https://twitter.com/Santi_J_FM/status/1601896795960999936?s=20&t=hr9Ya99j2hNbYj8t2TyA_Q
Сериозен интерес за Гвардиол, пројавува и германскиот шампион Баерн Минхен, кој не доставил официјална понуда, туку ги прашал челниците на Лајпциг колку бараат за дефанзивецот.
Јошко Гвардиол во Лајпциг дојде од Динамо Загреб во трансфер вреден 18.8 милиони евра. Хрватскиот тим добро ќе заработи и од идниот трансфер на Гвардиол бидејќи кога го продаваше на Лајпциг, вметна клаузула според која ќе му припаднат 20 отсто од отштетата од следната продажба.