Претседателот на саудискиот тим Ал-Наср, Муси ал Мамар, изјави дека не го познава Кристијано Роналдо, за кого минатата недела се шпекулираше дека постигнал договор со овој тим да потпише две и пол годишен договор за неверојатни 200 милиони долари по сезона.
Новинар од Саудиска Арабија го праша Ал Мамар за Португалецот.
„Каде е Роналдо?“, праша новинарот.
„Кој“, беше одговорот на првиот човек на Ал-Наср.
„Не го познавате Роналдо?“.
„Не, не го познавам Роналдо“, одговори Ал Мамар.
И самиот фудбалер минатата недела потврди дека гласините дека кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија не се вистинити.
Роналдо по заминувањето од Катар вчера се појави во тренинг-центарот на Реал Мадрид, каде што ќе ја одржува формата сè до пронаоѓање на нов клуб откако минатиот месец спогодбено го раскина договорот со Манчестер јунајтед.