Немаше идеален термин за финалето на СП кој ќе им одговара на сите во светот!

Исто како и денешниот натпревар за трето место, и утрешното финале на фудбалското СП 2022 ќе се игра со почеток во 16 часот по македонско време, и тоа е свовиден компромис кој го направи ФИФА за да може во „нормално време“ да се гледа на повеќе континенти.

Во Лос Анџелес ќе биде 7 наутро, во Њујорк 10 часот, во Аргентина 12, во најголем дел од Европа 16 часот, во Катар 18, а финалето ќе почне кога во Кина ќе биде полноќ.

За Австралијците е најпроблематично, на пример во Синдеј ќе биде 2 часот по полноќ.

Не е првпат финале да се игра во необичен термин. Финалето на СП 2002, почна во 13 часот по македонско време. Во 2014, финалето почна во 21 часот по наше време, а во 2018 во Русија, во 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести