Директорот на Ал-Наср таинствен по прашањето дали ќе го потпише Роналдо

Спортскиот директор на Ал-Наср, Марсело Салазар, одби да одговори дали Кристијано Роналдо ќе потпише за тимот од Саудиска Арабија.

Неколку дена пред стартот на Светското првенство што се одржа во Катар (20 ноември – 18 декември), Роналдо спогодбено го раскина договорот со Манчестер јунајтед и оттогаш постојано се шпекулира со неговиот иден клуб.

За време на Мундијалот, шпанскиот весник „Марка“ објави дека Роналдо ќе потпише за Ал-Наср за годишна плата од неверојатни 200 милиони долари. Португалецот демантираше дека се договорил со Ал-Наср, но „Марка“ сè уште тврди дека Роналдо од 1 јануари ќе настапува во Саудиска Арабија.

Поради тоа се огласи спортскиот директор на Ал-Наср, кој порача да се почека со заклучоците.

„Да почекаме со заклучоците до крајот на годината, кога ќе видиме како ќе се развиваат работите во фудбалот. Тоа што можам да го кажам е дека Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата и секогаш бил пример за другите поради неговиот спортски дух и желбата за победа. Во овој клуб сум веќе пет години и сите играчи со коишто зборував се пријатно изненадени по доаѓањето во Саудиска Арабија“, вели Салазар.

- Оглас -

Најнови вести