Младиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко, одби да го продолжи договорот со Милионерите иако со потписот на договорот ќе добиеше трипати поголема плата.
Борусија сака по секоја цена да го задржи Мукоко на „Сигнал Идуна парк“ и поради тоа челниците на тимот му понудија зголемување на платата од 1,8 милиони на 6 милиони евра, но 18-годишниот напаѓач одби да стави параф на новиот договор.
Агентите на фудбалерот им порачаа на челниците на Борусија дека Мукоко по завршување на сезоната ќе си замине доколку не добие договор со кој ќе заработува најмалку 7 милиони евра годишно.
Мукоко беше дел од репрезентацијата на Германија на СП во Катар, но не одигра ниту една минута. Голем интерес за Мукоко, кој досега сезонава во Бундеслигата постигна шест гола и имаше четири асистенции, пројавуваат Барселона и Челзи.