Дејли Блинд си замина од Ајакс со взаемен договор и шест месеци порано, а со одиграни 333 натпревари за Копјаниците од Амстердам е вториот играч со најмногу настапи во последните 25 години.
Рекордот од 1999 година сè уште го држи неговиот татко Дени Блинд со 493 одиграни натпревари за славниот холандски клуб.
Дејли има 32 години и беше стандарден во селекцијата на Холандија на Мундијалот во Катар што заврши пред десеттна дена.
Беше стрелец на еден гол против САД во првата нокаут-фаза. Блинд јуниор ќе си замине од Ајакс како слободен агент, а сè уште не е познато каде ќа ја продолжи кариерата.
За Холандија одигра 99 натпревари и му фали само еден за стотка, а постигна вкупно 3 гола.
И таткото и синот Блинд имаат еден куп трофеи со Ајакс, а поуспешен е повозрасниот.
Дени Блинд освои 16 пехари со Копјаниците, меѓу нив и пет домашни шампионски круни, по една во Лигата на шампионите, УЕФА купот, Купот на победници на купови, Супер купот на УЕФА и Интерконтинеталниот куп на ФИФА.
Дејли со Ајакс има 7 шампионски титули во Холандија, два купа и два Суперкупа на земјата.