Само официјално се чека Кристијано Роналдо да биде промовиран во нов фудбалер на Ал Наср во Саудиска Арабија. Португалецот кој остана слободен играч по раскин на договорот со Манчестер јунајтед, па нема никаква пречка тој да најде нов клуб.
Медиумите во Саудиска Арабија веќе го промовираа Роналдо како нов играч на Ал Наср, и тоа за договор од две и пол години. Роналдо ќе има плата од 75 милиони евра, но оваа цифра со бројните бонуси и маркетинг агенции ќе се зголеми на 200 милиони евра по сезона.
Најавено е дека Роналдо по доаѓањето во Ријад ќе биде сместен во елитната населба Al Muhammadiyah, каде луксузот е неизбежен. Куќата ќе биде во близина на стадионот на Ал Наср, ќе има лично обезбедување и се што ќе посака.