Роналдо до последен момент чекал еден повик, но телефонот не зазвонел

Кристијано Роналдо синоќа позираше со дресот на Ал-Наср на кој е неговото име и бројот 7, што беше потврда дека Саудиска Арабија е следната дестинација на Португалецот. До пред извесно време, Роналдо постојано повторуваше тој нема да биде како останатите фудбалски ѕвезди кои се во „згаснување“ и дека нема шанси да игра во некој клуб од Азија или да замине во САД.

Сепак, тоа што најавуваше дека нема да се случи, од синоќа е реалност. Роналдо во следните две и пол години ќе биде играч на Ал-Наср, договор кој вреди неверојатни 500 милиони евра.

Пред да потпише со Ал-Наср, Роналдо беше во Мадрид и тренираше на терените на Реал. Според некои пишувања, Роналдо до последен момент чекал повик од челниците на Кралскиот клуб за да го вратат на „Сантијаго Бернабеу“, но откако било јасно дека Реал не размислува за враќање на најдобриот стрелец во историјата на клубот, Португалецот потврди дека ќе заигра за Ал-Наср.

- Оглас -

Најнови вести