Во Ал-Наср веќе ја има првата „фудбалска жртва“ поради Кристијано Роналдо

Зимскиот преоден рок стартува со почетокот на јануари, но повеќе од јасно е дека трансферот кој ќе го одбележи овој период, веќе се случи. Кристијано Роналдо како слободен играч потпиша за Ал-Наср во Саудиска Арабија и тој од денеска и официјално е член на овој клуб.

Роналдо уште пред два дена позираше со дресот на Ал-Наср на кој беше неговото име и бројот 7. Интересно е дека бројот 7 во Ал-Наср сезонава беше зафатен и го носеше 29-годишниот Узбекистанец, Џалолидин Машарипов.

Шпекулациите велеа дека Машарипов не сакал да се откаже од бројот 7, па затоа, тој сега е ставен на листата на играчи кои треба да си заминат од клубот. Сепак, претседателот на Ал Наср Мусали Ал Муамар, објасни дека тоа не е точно и дека Машарипов мораше да се откаже од седмицата и да го носи дресот со бројот 77.

Роналдо е препознатлив по својот бренд „ЦР7“, па логично беше дека негов број во Ал-Наср ќе биде седмицата, без разлика дали Машарипов сака или не сака да се откаже од бројката која досега ја носел.

- Оглас -

Најнови вести