Кристијано Роналдо е подготвен да игра за Ал-Наср, клубот од Саудиска Арабија, откако ги мина и сите медицински тестови.
За 37-годишниот португалски фудбалер тоа е само рутина и потврди дека сè уште е во топ-кондиција и физичка подготвеност, па може веднаш да игра за својот нов клуб од Саудиска Арабија.
Сензационално Роналдо, кој идниот месец ќе полни 38 години, ја прифати огромната понуда на Саудијците и ќе заработи околу 200 милиони евра за следните две и пол години, односно до 2025 година, колку што е важечкиот договор што го потпиша со Ал-Наср.