Украинец со литвански корени што играше за Русија обвинува: Ги купивме сите натпревари на Мундијалот, ни помогна и шпанскиот Крал

Сериозни обвинувања за голем скандал што се случил на Мундијалот во 2018 година објави познатиот фудбалски ас, Андреј Канчелскис, а тврди дека домаќинот, селекцијата на Русија ги купила сите натпревари до мечот со Хрватска во четвртфиналето што значеше и елиминација за популарните „Баќушки“.

Русија на патот до четвртфиналето победи сериозни репрезентации меѓу нив и поранешниот светски првак Шпанија.

И Канчелскис за тој меч и најмногу обвинува, со сензациопнално тврдење дека шпанскиот Крал Фелипе VI помогнал Русите да го добијат мечот.

За Шпанија играа легенди како Иниеста, Рамос, Алба, Коста…, а Канчелскис тврди дека Шпанците играле чудно.

„Дали е можно да се наместо меч на кој играат големи ѕвезди како Иниеста, Рамос, Коста, Алба… Може ако тоа од вас го бара Кралот. Верувајте ми наскоро ќе се дознае се. И зошто Кралот дојде непосредно пред мечот и зошто селекторот на Шпанија следниот ден по поразот од нас доби отказ“, вели Канчелскис.

Тој беше еден од најдобрите советски фудбалери во двете последни децении од минатиот век и на пчетокот на првата декада од овој милениум.

Играше за гиганти од калибарот на Манчестер јунајтед, Глазгов ренџерс, двата најсилни украински клубови Динамо Киев и Шахтар Доњецк, потоа и Евертон, Саутемптон, Фиорентина, Динамо Москва, Крилја Совјетов…

Неговата приказна е многу интересна и Канчелскис е вистински пример на микс од многу земји од СССР.

Роден е во Украина, мајка му е Украинка, таткото е Литванец, а тој играше за националната селекција на Русија за која од 1992 до 1998 година одигра 36 натпревари и постигна четири гола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести