Барди ги збуни гостите и најави победа, Трабзонспор го декласира Ѓиресунспор (Видео)

Енис Барди одигра нешто повеќе од еден час за Трабзонспор и беше меѓу најдобрите на терен во победата против Ѓиресунспор со 3:0, а од него тргна се во 30. минута.

Актуелниот шампион на Турција поведе по одлично изведениот корнер на Барди, а не се снајдоа голманот Пири и напаѓачот на гостите Бајиќ, кој си постигна автогол.

Барди остана на терен до 62. минута, кога беше заменет со Унувар, а Трабзонспор потоа постигна уште два гола и победи убедливо.

Тежок пораз доживеа вториот македонски репрезентативец во Турција, Валон Етеми со Истанбулспор.

Адана Демирспор ги декласира на свој терен со 6:0 и ги закова на последното место на табелата во Суперлигата на Турција.

За домашниот тим за првпат како стартер цел меч одигра македонскиот стопер Јован Манев и успеа со соиграчите да не прими гол.

 

- Оглас -

Најнови вести