Дејли Блинд очигледно имал договорен трансфер во Баерн, кога објави дека си заминува од Ајакс по 333 одиграни натпревари за Копјаниците, што е втор најдобар ефект во последните 25 години.
Само неговиот татко Дени Блинд е пред него со 493 одиграни мечеви за Ајакс во периодот од 1999 година наваму.
Блинд јуниор потпиша договор до крајот на сезоната со германскиот рекордер според бројот на трофеи и еден од најмоќните клубови во историјата на фудбалот.
Дејли има 32 години и според договорот со Баерн, кој веќе го претстави Холанѓанецот како нов играч ќе може да се договара за продолжување на соработката по завршување на оваа сезона.
„Среќен сум што Дејли пристигна кај нас. Може да игра на неколку позиции во одбраната и има карактеристики на лидер. Сигурен сум дека ќе ни помогне да ги оствариме целите и оваа сезона, а за Баерн се знае, тоа е да се освојат сите можни трофеи“, изјави Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн.
Блинд беше стандарден во селекцијата на Холандија на Мундијалот во Катар што заврши пред неполни три седмици.
Беше стрелец на еден гол против САД во првата нокаут-фаза. Блинд јуниор си замина од Ајакс како слободен агент.
За Холандија одигра 99 натпревари и му фали само еден за стотка, а постигна вкупно 3 гола.