Случајот со Мукоко допрва ќе го тресе фудбалот – Има два различни документи кога е роден, со две мајки и двајца татковци (Фото)

Големиот талент на германскиот фудбал Јусуфа Мукоко и не е толку голем фудбалски бисер, бидејќи најверојатно нема 18 години, туку 22, а сигурно е дека има два различни документи кога е роден, со две пријавени различни пријавени мајки и татковци.

И што е најстрашно за него со казна затвор која му се заканува, ако биде докажано дека знаел и манипулирал со документите.

„Ова е премногу сериозно и ќе го стресе фудбалот опасно. Имам документи дека Мукоко има два различни изводи кога е роден, со два мајки и двајца татковци и за жал материја и за затвор“, вели португалскиот новинар Пауло Тешеира.

На едниот документ стои дека Мукоко има 18 години, а на вториот дека е 22-годишен.

Тој беше сметан за еден од најталентираните фудбалери тинејџери, но сега има голем проблем ако се докаже дека за Борусија Дортмунд, но и за германската репрезентација играл со фалсификат документи.

 

- Оглас -

Најнови вести