Македонската кошаркарска федерација е сериозен кандидат за добивање на организацијата на Светското првенство за кошаркари до 17 години, кое според календарот на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ќе се одигра во 2020 година.
По повод прифатената апликација за организатор на ова првенство, изминатиот викенд во Скопје беше претставникот од ФИБА, Жил Тоноли, кој заедно со генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска, направија инспекција на спортските комплекси во кои би се одигрувале натпреварите од ова првенство, како и на капацитетите за сместување кои би се користеле за репрезентациите-учесници.
Од МКФ велат дека Тоноли си заминал со позитивни впечатоци од македонската престолнина. Одлуката за домаќин на СП ќе се донесе во март. Доколку првенството се игра кај нас, тоа ќе биде прво учество на македонска кошаркарска репрезентација на едно Светско првенство, а публиката во Скопје ќе може во живо да ги гледа идните ѕвезди на светската кошарка.