2830 Анталијаспор – Кајзериспор (Турски куп, 15.30 часот)
И двете екипи се во скромна форма, а домаќините се во малку полоша ситуација со пет меча без победа.
Црната серија ја втурна Анталијаспор во близина на опасната зона за испаѓање во Првата лига, па домаќините денеска ќе бараат шанса за прекин на незгодната низа и за пласман во четвртфиналето на турскиот куп.
Кајзериспор доаѓа на гости во Анталија како финалист во ланското издание на турскиот куп што го загуби од Сиваспор.
Шарм на ова осминафинале му дава и податокот дека преклани и Анталијаспор беше финалист во купот, но и таа загуби во мечот за пехар од Бешикташ.
Двете екипи и сега имаат шанса да се најдат во завршницата, а поради малку подобрата форма, но и покомотната позиција во првенството, му даваме предност на гостинот.
Предлог тип: Х2&0-3 (2.13)
2831 Аланијаспор – Галатасарај (Турски куп, 18.30 часот)
Галатасарај е убедливо најтрофејната екипа во Купот на Турција со 18 пехари и најмногу финалиња, дури 23, па е голем фаворит против Аланијаспор, иако е гостин во омсинафиналниот нокаут-меч.
Тимот од Аланија нема посебни успеси во ова натпреварување и само еднаш играше во финалето, во 2020 година, и загуби од Трабзонспор со 0:2.
Гигантот од Истанбул е во топ-форма со 7 победи по ред и е голем фаворит за пласман во четвртфиналето.
Сепак, ако ја погледнете традицијата на овие две екипи во последно време со натптревари со многу погодоци, тогаш подобра варијанта изгледа да се одигра варијантата да има барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот меч.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.67)
1323 Реал Сосиедад – Мајорка (Шпански куп, 19 часот)
Реал Сосиедад цела деценија ја гази Мајорка и нанижа шест победи по ред против денешниот ривал во осминафиналето на Копа дел Реј.
Последниот пораз од Мајрорка на тимот од Сан Себастијан му е во септември 2012 година, а како што игра Реал Сосиедад, тешко дека ќе има прекин на серијата и изненадување на „Аноета“.
Баскијците нанижаа пет победи по ред, сметајќи ги и двете во шпанскиот куп против Корија со 5:0 и со Логроњес со 1:0 и во таа низа примија само еден гол.
Мајорка е солидна екипа, но не и во рангот на Реал Сосиедад, кој има сè на своја страна за победа и пласман во четвртфиналето на Копа дел Реј.
Предлог тип: 1 (1.68)
1324 Алавес – Севилја (Шпански куп, 21 часот)
Севилја се наоѓа во најтешката ситуација во овој милениум и е претпоследна на табелата во Ла Лига.
Битката за опстанок буквално никој од таборот на Севилја не ја очекуваше, но тоа се случува, па сега треба и да се одредат приоритетите.
Шпанската лига и купот се многу напорни натпреварувања што ќе ѝ одземат енергија на екипата што во последните 15 години прерасна во европски гигант и е рекордер според бројот на титули во Лигата на Европа.
Сосема е можно тренерот Сампаоли денеска и да одмори дел од играчите за да ги сочува за важните дуели што следуваат во Ла Лига во битката за опстанок.
Тоа му дава шанса на Алавес, екипа која бие битка за камбек во Првата шпанска лига и е незгоден домаќин.
Баскијците имаат неочекувано добра шанса за елиминација на Севилја и пласман во четвртфиналето на шпанскиот куп.
Предлог тип: 1Х&0-3 (2.19)
3040 Наполи – Кремонезе (Италијански куп, 21 часот)
Двете екипи се во сосема различно фудбалско расположение и овде само сензација или светско чудо може да го спречи Наполи да не победи и да обезбеди настап во четвртфиналето на Копа Италија.
Лидерот во Серија А го декласира Јувентус со 5:1, а триумф над најтрофејната италијанска екипа дава посебен стимул да се продолжи во победнички стил.
Кремонезе, сосема спротивно, е единствената екипа без победа во Првата лига, го смени тренерот Алвини и е последна на табелата, па во лошо расположение и незгоден момент ќе му биде гостин на разиграниот Наполи на „Диего Армандо Марадона“.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.14)