Голманот на Бург Ан Брес, Франк Л`Ости, си постигна смешен автогол на дуелот со Конкарно во Националната лига на Франција, но, за негова среќа, соиграчите со победа од 3:2 го спасија да не биде трагичар на мечот.
Л`Ости најпрво реагираше одлично во 49-тата минута и му одбрани удар на Урие од далечина, но потоа лошо го процени летот на топката.
Фудбалот удри во пречката, се врати назад, го погоди во носот голманот на домаќините и влезе во мрежата.
Чуден, дури и смешен автогол на голманот на Бург Ан Брес што можете да го погледнете ОВДЕ.
Франк Л`Ости и покрај киксот, е еден од најдобрите голмани во Третата француска лига, а матичен клуб му е Монако.
Во кариерата 32-годишниот голман бранеше за уште неколку француски клубови, а највисок дострел му се настапите за Амиен и Клермон во Втората лига.