Откако се дозна дека мамел со годините и премиерлигашите се откажаа од него, Мукоко го прифати ултиматумот од Борусија

Сагата околу Јусуфа Мукоко и неговото евентуално заминување од Борусија Дортмунд е решена така што напаѓачот се согласи да потпише нов договор со Милионерите иако до пред неколку дена, незадоволен од понудата инсистираше на заминување од „Сигнал Идуна Парк“.

Голема улога во промената на одлуката на Мукоко има неговиот очув кој на јавноста и откри дека напаѓачот лажел за годините и дека тој поседува оригинални документи со кои може да го потврди тоа.

Тој тврдеше дека Мукоко нема 18 години туку 22, поради што премиерлигашите се откажаа од негов трансфер, исто како Барселона.

Во исто време, Мукоко доби ултиматум од челниците на Борусија Дортмунд, или ќе потпише нов договор под нивни услови или ќе дојде до разделба.

На крајот, напаѓачот одлучи да го прифати ултиматумот и ќе потпише нов тригодишен договор со Борусија Дортмунд.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1616757278035648512?s=20&t=jNwvvmHgjA9fbqzKnRwpdw

- Оглас -

Најнови вести