Атлетико Мадрид објави соопштение по „бесењето“ на Винисиус јуниор од страна на навивачите

Атлетико Мадрид остро го осуди неприфатливиот чин на група свои навивачи, кои приредија срамен гест кон големиот ривал Реал Мадрид пред денешниот дерби-дуел во четвртфиналето на шпанскиот куп.

На мост во Мадрид беше истакната парола: Мадрид го мрази Реал, а под неа висеше обесена фигура на играчот на Кралевите, Винисиус јуниор.

Од Атлетико брзо реагираа со соопштение во кое го осудија чинот.

„Ова е апсолутно неприфатливо и е срам за фудбалот во Шпанија, но и за целото општество. Ги осудуваме сите вакви напади, акти и пароли со заканувачки содржини.

Ривалитетот може да биде најголем на светот, но секогаш треба да биде спортски и со респект меѓу клубовите.

Се надеваме дека сторителите набрзо ќе бидат демаскирани, а ние ќе продолжиме да негуваме спортски ривалитет со сите екипи, вклучувајчи го и нашиот градски ривал Реал Мадрид“, стои во соопштението на Атлетико Мадрид.

Мечот ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ од 21 часот, а победник мора да има во регуларен дел, по продолженија или на пенали.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести