Во Турција денеска нема домашен фудбал и спорт, сите натпревари се откажани поради земјотресот што ја погоди земјата во ноќните часови и предизвика многу проблеми, а има и многу жртви.
Сепак, фудбал се играше, но само меѓу странските екипи кои се на подготовки во Турција, најчесто во Анталија, а настапи и тетовска Шкендија.
Во меч против украинскиот гигант Динамо Киев, тетовци загубија со 0:1 со голот на Џастин Лонвајк во последната минута од првото полувреме.
Шкендија досега одигра четири подготвителни натпревари и сè уште нема победа.