Столе Димитриевски задутре ќе постави рекорд кој уште долго нема да биде урнат

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со „сувата мрежа“ на гостувањето на Рајо Ваљекано кај Валенсија по 13-ти пат сезонава остана несовладан и тоа е нов клупски рекорд.

Димитриевски е и единствениот голман кој сезонава не прими гол на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид и единствен голман на Рајо кој не примил гол на гостување на „Местаља“ кај Валенсија.

Задутре ако застане на голот на Рајо против Гранада, Столе ќе постави и еден рекорд кој уште долго време ќе стои несоборен. Ќе стане голман со најмногу настапи за малиот мадридски клуб кој постои 100 години. Столе сега го дели првото место на вечната листа со Вилфред со по 189 настапи за Рајо, а против Гранада ќе стане првиот голман во историјата со 190 меча на голот на Рајо.

- Оглас -

Најнови вести