Неверојатен натпревар во АБА: Борац играше само со седуммина играчи, два пресврти во последните три секунди и поени со звукот на сирената за победа на Цибона (Видео)

Вечерва се комплетира 18-тото коло во АБА-лигата, и тоа со фантастичниот натпревар меѓу Борац Чачак и Цибона, кој им припадна на гостите со 84:83.

Самата увертира за овој натпревар беше бурна бидејќи средбата беше одложена за 24 часа. Причината за тоа беше стомачниот вирус кој зафати дури деветмина кошаркари на Борац.

Поради тоа, домаќинот мечот го започна само со седуммина кошаркари, а го заврши со шест.

Натпреварот беше неизвесен, посебно во завршницата и последната минутаа во која Борац имаше еден поен предност по тројката на Болдвин. Но, на 20 секунди до крајот, Цибона возврати од линијата за слободни фрлања со поените на Капуста.

Потоа Хејл на 17 секунди реализира две слободни фрлања за Борац за 80:81, а Капуста на спротивната страна погоди само еднаш. Борац со тројката од тешка позиција на Глишиќ на три секунди до крајот поведе со 83:82 и сите во салата помислија дека домаќинот ќе триумфира. Но, така не мислеа гостите, кај кои Смајлагиќ погоди со звукот на сирената и стави точка на фантастичниот натпревар во Чачак.

 

- Оглас -

Најнови вести