Ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер, нема да игра на мечевите на националниот тим на Германија во март и јуни, објави селекторот Ханси Флик.
„Томас нема да биде со нас на следните два собири, разговарав со него, му ја кажав одлуката. Решив да им дадам шанса на млади играчи“ – рече Флик.
Милер кој има 33 години, после Мундијалот во Катар рече дека сака да игра и за ЕП 2024 кое ќе се одржи во Германија.
„Ова не значи дека репрезентативната кариера му е завршена и дека нема да игра на Европското првенство. Зошто да му ја затворам вратата на таков играч?“ – додаде Флик кој најави и дека Марк-Андре Тер Щеген ќе брани на местото на повредениот Мануел Нојер.