По застрашувачките најави дека исчезнал, се огласи Деле Али и даде објаснување

Деле Али, некогашната голема ѕвезда на Тотенхем, не е исчезнат како што вчера објави неговиот тренер Шенол Ѓунеш. Стратегот на Бешикташ ги загрижи сите кога објави дека никако не можел да стапи во контакт со некогашниот англиски репрезентативец. 

Али, кој е играч на Евертон, а игра како позајмен фудбалер во Бешикташ, не се појавил на тренингот, но фудбалерот се огласи со соопштение во кое вели дека никој не треба да биде загрижен за него.

„Здраво луѓе. Добив многу пораки и сакам нешто да расчистиме. Клубот ми даде дозвола да одам на преглед кај доктор. Утре се враќам на вообичаеното“, гласи пораката од Али.

Воопшто не е јасно како тренерот Ѓунеш не бил запознаен со одлуката Али да го пропушти тренингот за да може да оди на доктор.

 

- Оглас -

Најнови вести