Тренерот на актуелниот европски шампион Анадолу Ефес, Ергин Атаман, е еден од главните фаворити за клупата на грчкиот гигант Панатинаикос, пишува грчкиот „Баскет фор ол“.
Панатинаикос е во потрага по нов тренер откако минатиот месец му даде отказ на Дејан Радоњиќ, а налето се планира ремонт на екипата и ангажирање на неколку квалитетни кошаркари со цел екипата да се замеша во битката за титулата во Евролигата.
До денеска, главен фаворит за клупата на Панатинаиос беше поранешниот тренер на Реал Мадрид, Пабло Ласо, но денеска грчките медиуми шпекулираат дека постои голема шанса тоа да биде Ергин Атаман.
https://twitter.com/TrendBasket/status/1638912075857526786?s=20
Наводно, Атаман нема ништо против да се пресели во Атина откако со Анадолу Ефес освои сè што можеше да се освои и тоа само за две години. Турскиот тим две години по ред триумфира во Евролигата и во домашниот шампионат.
„Баскет фор ол“ исто така објави дека агентот на Атаман пред два дена бил забележан во Атина.
Новиот тренер би добил голем буџет за засилувања со цел да изгради тим по сопствена желба со кој би ја нападнал титулата во Евролигата