Квотите на денот кои за денеска ги нуди Sport Life се од квалификациите за пласман на Европското првенство што треба да се одржи 2024 година во Германија и носат вкупен коефициент од 36.77 ако се одиграат на еден тикет заедно.
Првиот предлог е од дербито на вечерта меѓу светскиот вицешампион Франција и Холандија. Франција ја започнува ерата со Килијан Мбапе како капитен, додека на клупата на Лалињата се врати Роналд Куман и тука предлогот е да се одигра на голови. За играта да има барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар, квотата изнесува 2,15.
Идентична квота има и за натпреварот меѓу Чешка и Полска, исто така за игра на голови. Тука предлогот е да се одигра дека ќе има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Најмала е квотата за натпреварот меѓу Србија и Литванија, каде што нашиот северен сосед е фаворит. Квота од 1,85 се добива ако одиграте дека Србија и во првото и во второто полувреме ќе постигне меѓу еден и три гола.
Второто големо дерби во квалификациите ќе се игра во Стокхолм меѓу Шведска и Белгија. Белгијците, кои разочараа на Светското првенство во Катар, се благи фаворити иако во селекцијата на Шведска се враќа Златан Ибрахимовиќ. За играта Белгија да не загуби и да бидат постигнати меѓу два и пет гола, квотата изнесува 2,00.
Последниот предлог е од натпреварот меѓу Австрија и Азербејџан и тука домаќинот е голем фаворит. За играта 1-1 & 2-5 гола, квотата е 2,15.