Фидбалерите на Вардар се поразени од Миеѓ Легница со 1:2 во пријателски меч кој беше во рамките на зимските подготовки на „црвено-црните“ во Турција. Стрелец за македонскиот тим беше Лира во 21. минута кога донесе водство за Вардар, но противникот со два гола стигна до пресврт и триумф.
За Вардар ова е трети пораз на третиот контролен дуел во Аланија. Жуниор нафрли една топка по земја, таа стигна до Лира кој од 7-8 метри биеше прецизно под голманот на противникот за предност. Кон крајот на првиот дел, во 37. минута, Миеѓ изедначи на 1:1 откако голема грешка во одбраната направи Жуниор.
Во вториот дел за разлика од минатите два дуели, тренерот Александар Васоски овојпат направи помал број на замени, а во 70. минута кај Вардар влегоа пет млади играчи. Во 74. минута од дуелот поради големо невреме, натпреварот беше прекинат од страна на главниот судија. Само што продолжи натпреварот, во 80. минута, противникот погоди за целосен пресврт.