Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е закована на дното во АБА-лигата и уште вечерва може и официјално да испадне од елитното јадранско друштво. Само чудо може да ги спаси Металците од ова непосакувано сценарио.
Чудото е МЗТ да ги добие сите три меча до крајот на сезонава, а Борац Чачак да ги загуби трите меча. Од 18 часот, Борац гостува кај Сплит, а само триумф на Жолтите од Хрватска може да го одржи МЗТ во живот и да има какви такви теоретски шанси за спас. Потоа МЗТ од 20 часот во „Јане Сандански“ ќе мора да ги совлада задраните за да не биде испаднат уште вечерва.
Во понудата за обложување на Sport Life, квотите за конечен тип најавуваат дека е реално Борац да загуби, а МЗТ да победи, па Штрковите да останат со теоретски шанси за опстанок.
Имате опција и да се обложите на број на поени на петмина играчи од МЗТ и петмина од Задар доколку верувате дека може да предвидите колку ќе бидат ефикасни понудените кошаркари, меѓу кои е само еден Македонец, Војдан Стојановски.