Сакраменто го декласира Портланд, Стеф Кари го предводеше Голден Стејт до победа

Сакраменто Кингс потсетува на старите добри времиња и сосема заслужено ќе има предност на домашен терен во плеј-офот. Жртва на “кралевите“ од Сакраменто беше екипата на Портланд која беше совладана со убедливи 114-138. Доказ за доминацијата на Сакраменто е тоа што дури четири играчи беа најдобри стрелци на натпреварот, откако по 20 поени постигнаа Фокс, Сабонис, Мари и Монк. Сепак, најефикасен на натпреварот беше Шарп од Портланд со 27 поени.

Екипата на Голден Стејт дури во последниот период успеа да го скрши отпорот на Сан Антонио, откако постигнаа 43 поени и ја запечатија победата од 130-115. Најефикасен во составот на Голден Стејт беше Стеф Кари со 33 поени, а само два помалку постигна Клеј Томпсон.

Резултати: Шарлот – Чикаго 91-121, Индијана – Оклахома 121-117, Филаделфија – Торонто 117-110, Вашингтон – Орландо 109-116, Бостон – Јута 122-114, Бруклин – Атланта 124-107, Кливленд – Њујорк 116-130, Хјустон – Детроит 121-115, Мемфис – ЛА Клиперс 108-94, Минесота – ЛА Лејкерс 111-123, Голден Стејт – Сан Антонио 130-115, Портланд – Сакраменто 114-138, Феникс – Денвер 100-93

 

- Оглас -

Најнови вести